Македонка меѓу наградените на Балканската смотра на млади стрип автори

На Балканската смотра на млади стрип автори, која изминатиов викенд по 19-ти пат се одржа во Лесковац, Република Србија, не изостанаа наградите за македонските автори. Во конкуренција од 2761 учесник од 54 земји, што претставува светски рекорд по масовност за манифестација од ваков тип, признанието за најдобар дебитант ѝ припадна на младата Јасна Николова од Скопје. 


Со ова само се продолжува традицијата на доделување награди на автори од Македонија и одново се дава потврда за квалитетот кој тие го поседуваат. За потсетување, во 2016 година, наградата за најдобар илустратор на овој најстар балкански стрип-фестивал ја освои Тања Вукобрат од Скопје, а во 2015 година, за најдобар стрип сценарист, на истата манифестација, беше прогласен Александар Стеванов од Штип.

No comments: