Македонски стрип автори на фестивал во Лесковац

Од 30 јуни до 2 јули 2017 година, во Лесковац, Република Србија по 19ти пат ќе се одржи најмасовниот стрип фестивал на Балканот – Балканската смотра на млади стрип автори, организиран од Лесковачката школа за стрип „Никола Митровиќ – Кокан“.


На самиот фестивал ќе присуствуваат голем број на автори од Балканот и Европа, кои преку презентации, изложби и предавања ќе ги споделуваат своите проекти, искуства и достигнувања. Гости на фестивалот ќе бидат исто така и македонските автори – Јордан Коцевски, Јован Секулоски, Дарко Богданов, и Игор Јовчевски и Никола Темков кои се и сопственици на издавачката куќа „Стрип Квадрат“ од Скопје.

Самиот фестивал ќе започне токму со промоција на издавачот „Стрип Квадрат“ и нивните нови изданија – „Бесмртните“ на Диме Иванов – Димано, „Девојче на месечината“ на Александар Стеванов, како и на скоро распродадениот стрип албум „Витези од соседството“ на авторите Дарко Богданов и Јордан Коцевски.

No comments: